Поранешната ѕвезда на Реал на 33 години се врати во репрезентацијата на Шпанија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го соопшти списокот на фудбалери кои ќе настапат на завршниот турнир во Лигата на нации – „црвената фурија“ ќе брка нов европски трофеј без неколку клучни имиња.

Во полуфиналето на 5 јуни, Шпанија ќе се судри со Франција во Штутгарт, а ако победи, ќе игра финале со победникот од дуелот меѓу Германија и Португалија.

Де ла Фуенте повика 26 фудбалери, но на списокот повторно го нема Родри – моторот на Манчестер Сити и најдобар шпански играч во изминатата сезона. Иако се врати на терените по повреда, сепак не е комплетно подготвен за репрезентативни напори.

Во составот го нема ниту ветеранот Дани Карвахал, кој неодамна се раздели со Реал Мадрид. Добри вести за шпанските навивачи се камбекот на Гави и Иско, додека повредите ги тргнаа од конкуренција Брајан Сарагоса, Феран Торес, Ајозе Перез, Асенсио и Ињиго Касадо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани