Поранешна НБА ѕвезда стана ко-сопственик на Евертон

by 24 фудбал
0 минути читање

Легендата на НБА и актуелен тренер на Далас Маверикс, Џејсон Кид, влезе во сопственичката структура на англискиот премиерлигаш Евертон, откако се приклучи на Roundhouse Capital Holdings – дел од The Friedkin Group.

Кид, кој десет пати беше дел од НБА Ол-старот и го освои првенството со Далас во 2011 година, има и две златни олимписки медали со САД. Тренерската кариера ја започна во Бруклин и Милвоки, а од 2021 година е предводник на Маверикси, со кои сезонава го освои Западот.

Евертон пак и оваа сезона се бореше за опстанок, далеку од врвот и европските позиции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани