Поранешен светски шампион потпиша договор на подметнувач за пиво, ќе игра во седма лига (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот германски репрезентативец и светски шампион од 2014 година, Кевин Гроскројц се врати во неговиот роден град и потпиша договор со седмолигашот Тус Еичлигхофен.

Легендата на Борусија Дортмунд, кој има 37 години, потпиша договор со клубот што се наоѓа во близина Дортмун.

„Рибата си избра нов рибник до крајот на сезоната 2026/2027“, стои во објавата на клубот.

Видеото со Гроцкројц привлече внимание и со начинот на кој тој го потпиша договорот, на подметнувач за пиво.

Во својата богата кариера, покрај настапите за Борусија Дортмунд, Гроскројц ги бранеше боите и на Галатасарај, Штутгарт, Дармштад, како и на неколку клубови од пониските лиги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×