Поранешен соиграч на Роналдо откри досега непозната приказна: Од него можете да побарате било што!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот голман на Реал Мадрид, Кико Касиља, се потсети на една анегдота од подготовките на „кралскиот клуб“ во САД, каде што Кристијано Роналдо уште еднаш го покажа своето големо срце.

Во интервју за шпанските медиуми, Касиља раскажа како португалската ѕвезда ги изненадила сите во тимот со еден посебен гест.

„Кога бевме на подготовки во Америка, Роналдо купи најнови Ајфони и Епл часовници за целиот тим, од фудбалерите, до физиотерапевтите и луѓето од обезбедувањето. Таков е тој“, изјави 38-годишниот голман.

Касиља вели дека токму ваквите моменти зборуваат повеќе за карактерот на Роналдо отколку било што друго.

„Тој не е само фудбалски феномен. Помага на сите, од најискусните во тимот, до најмладите од академијата. Побарај што сакаш од него, ќе ти помогне“, истакна Касиља, кој во кариерата го носеше дресот на Реал Мадрид, Еспањол, Елче, Кадиз, Картагена и Гетафе, а запиша и еден настап за сениорската репрезентација на Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×