Поранешен фудбалер на Барселона е нов селектор на Мексико

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Мексико доби нов селектор, откако легендарниот Рафа Маркез официјално ја презеде функцијата по елиминацијата на националниот тим од Светското првенство.

Оваа промена беше најавена уште пред неколку месеци, кога беше познато дека Хавиер Агире ќе ја напушти селекторската позиција по завршувањето на мундијалскиот настап.

Поранешниот дефанзивец на Барселона во изминатите две години беше дел од стручниот штаб на мексиканската репрезентација, а Фудбалската федерација сега му ја довери улогата на главен тренер.

„Сакав да си заминам по победа. Вака навистина боли. Сепак, дадовме сѐ од себе и затоа треба со кренати глави да се вратиме дома“, изјави досегашниот селектор Хавиер Агире.

Тој му посака успех на својот наследник.

„На Рафа му посакувам многу среќа. Верувам дека е способен да ги надмине резултатите што јас ги остварив“, порача Агире.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×