Поранешен фудбалер на Арсенал шверцувал дрога – заврши во затвор на четири години!

by Стефан
1 минути читање

Џеј Емануиел-Томас, поранешниот фудбалер на Арсенал, доби четиригодишна затворска казна поради обид за шверц на 60 килограми канабис, проценет на вредност од околу 600.000 евра.

Како што соопшти Националната криминалистичка агенција на Велика Британија, 33-годишниот фудбалер бил уапсен на 2 септември минатата година на аеродромот Хитроу, по пристигнување со лет од Бангкок. При рутинска контрола, во неговиот багаж биле откриени два куфери полни со дрога од „Б“ класа – вкупно 60 килограми канабис.

Емануиел-Томас ја започна својата фудбалска кариера во Арсенал, каде што настапи само петпати за првиот тим. Подоцна играше во бројни англиски клубови, најчесто во Чемпионшип, вклучувајќи ги Ипсвич, Блекпул, Кардиф, МК Донс, Квинс Парк Ренџерс и Бристол Сити. Последно беше дел од шкотскиот второлигаш Мортон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани