167
Милан го победи Сасуоло со 2-1, а Леао го отвори резултатот по само шест секунди игра поставувајќи нов рекорд за најбрз гол.
Некои сметаа дека голот на Леао требало да биде поништен бидејќи тој влегол во теренот на противникот пред судијата да означи старт.
Поранешниот судија, Лука Марели објасни зошто не може да биде поништен погодокот.
„Ајде да ја отстраниме можната контроверзија. За првиот гол на Милан, Леао газеше во другата половина на теренот. Теоретски голот требаше да биде поништен, но ВАР нема надлежност за изведување на почетниот удар“, вели Марели.