„Лисиците“ во
четвртокот решија да ја прекинат соработката со Клаудио Раниери, одлука која
речиси целиот фудбалски свет не ја разбира, со оглед на тоа дека стратегот пред
само девет месеци со Лестер испиша убава приказна и на клубот од Кинг Пауер
Стадионот му ја донесе титулата во Премиерлигата.
И додека од сите
страни пристигнува поддршка за Италијанецот, поранешниот играч на Рома и
Ливерпул, Дони го нападна Клаудио Раниери.
„Го доби она што
го заслужуваш, лагите не можат да останат засекогаш сокриени, вистината кога
тогаш ќе излезе на виделина” – гласеше пораката на Бразилецот на Инстаграм заедно со слика од Раниери, но постот за кратко време
беше тргнат.
Голманот не е
во најдобар однос со Раниери од времето кога двајцата соработуваа во Рома пред 6-7 години.
По заминувањето
на Спалети и доаѓањето на Раниери, голманот го загуби првотимскиот статус.