По девет години
поминати во Реал Мадрид, Кристијано Роналдо во 2018 се пресели во Јувентус. И
покрај тоа што пристигна во Торино на 33 години, ЦР7 изминативе две сезони
демонстрираше дека годините се само бројка и на теренот прикажува одлични
партии.
Сепак, поранешниот
играч на Јувентус, Пасквале Бруно реши да му замери на напаѓачот за тоа што не
зборува италијански.
Екс-дефанзивецот
на „старата дама“ смета дека Кристијано Роналдо со тоа што разговара на шпански, покажува непочитување кон
останатите играчи во соблекувалната но и сите Италијанци.
„Роналдо е
игнорантен. Престојува повеќе од две години во Италија но се уште не научи да
зборува италијански. И понатаму употребува шпански кога сака да се изрази. Нема
почит за соиграчите ниту пак за Италијанците“ – вели Пасквале Бруно во емисијата
Тики Така.