Поранешен играч на Барса и Реал одби 160 милиони евра за преселба во Саудиска Арабија

by
1 минути читање

Арапите сакаат да
донесат што е можно поголем број на фудбалери ова лето, но не само играчи кои веќе
влегуваат во залезот на кареирата, туки и помлади кои имаат уште многу да
понудат и ќе ја направат лигата поатрактивна на долг рок.

Како што пишува
АС, Ал Хилал тропнал на вратата на 22 годишниот Таке Кубо од Реал Сосиедад.

На Јапонецот му
бил понуден договор тежок 160 милиони евра, односно 40 милиони по сезона за
четиригодишна соработка.

Ал Хилал исто
така бил подготвен да ја активира и неговата откупна клаузула од 60 милиони
евра, па целата зделка би чинела 240 милиони евра.

Сепак, Таке Кубо,
кој помина неколку години во школата на Барселона а беше дел и од Реал Мадрид, во
овој момент од кариерата не ги гледа парите како приоритет па ја одбил понудата
и сака да остане во Сан Себастијан.

Од евентуалниот
трансфер добро ќе се офајдеше и Реал Мадрид, на „кралевите“ им следуваат 50% од
трансферот, или во случајов 30 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани