Поранешен фудбалер на Сити со скандалозна објава: Зошто ние црномурестите да ја жалиме кралицата Елизабета?

by
1 минути читање

Синоќа почина кралицата Елизабета Втора, од сите страни пристигнуваат пораки со сочувство но има и такви кои излегуваат со контроверзни објави.

Таков беше поранешниот играч на Манчестер Сити, Тревор Синклер кој излезе со скандалозна порака.

„Расизмот беше забранет со закон уште во 60-тите, но беше дозволено да продолжи да цути, па зошто ние црномурестите и останатите бои да плачеме и тагуваме?“ – напиша  Тревор Синклер, кој играше и за репрезентацијата на Англија.

Неговата објава предизвика бурни реакции, па за кратко време беше избришана. 

Исто така, Токспор, каде Тревор Синклер работи како стручен коментатор, добил многу повици со барања да му биде врачен отказ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×