Поранешен фудбалер на Наполи и Интер го соборил напаѓачот кој го прободи Мари и уби еден човек

by
1 минути читање

Лице со психички
проблеми синоќа во супермаркет на „Карфур“ во Милано земал нож од полиците и
почнал да напаѓа луѓе. Во инцидентот беше убиено едно лице, четири настрадаа,
помеѓу кои и Пабло Мари, играчот на Арсенал, кој настапува како позајмен во Монца се здобил со длабока исекотина на грбот и
денеска ќе биде опериран.

Медиумите од
Италија сега пишуваат дека поранешниот фудбалер на Наполи, Интер и Болоња,
Масимо Тарантино го соборил напаѓачот и спречил да има повеќе настрадани лица.

Масимо Тарантино
не сакал да сподели детали од целиот настан, и на медиумите кратко им изјавил: „Не сторив
ништо посебно, не сум херој“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани