Поранешен фудбалер на Арсенал скршен од болка, му почина сопругата три месеци после свадба

by
1 минути читање

27 годишниот Џош
Викерс, кој потекнува од школата на Арсенал и стигна до првиот тим на
„топчиите“ но никогаш не доби шанса, од ова лето е член на Дерби Каунти во
треатта лига на Англија.

Изминатиов викенд
тој не настапи за својот клуб, бил скршен од болка по смртта на неговата
сопруга Лара, која ја загубила битката со ракот и починала само три месеци по
свадбата.

„Пишував и брешев
безброј пати и се уште не можам да ги најдам вистинските зборови, и не знам
дали ќе ги најдам“
– гласеше објавата на голманот на социјалните мрежи.

„Во вторникот
вечерта, мојата сопруга ја загуби битката со ракот…“

„Лора е
најсилната, најхрабрата и најмилата личност која сум ја сретнал. И покрај тоа
што минуваше низ пекол, продолжуваше да има насмевка на лицето, не дозволуваше
ништо лошо да не спречи да си поминаме убаво и да направиме спомени за цел
живот“.

„Со плачење, смеење
и танцување минавме низ тешки времиња. Ќе го паметам секој момент поминат со
тебе, од првата сребда, па се до крајот кога почина. Знам дека ќе
ме гледаш од горе и ќе продолжиш да ме инспирираш“.

„Им благодам на
сите кои ни дадоа поддршка во овие неверојатно тешки времиња“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани