Поради Винисиус Жуниор се искомплицира трансферот на Диоманде во Реал Мадрид?!

by bojan
1 минути читање

Трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг во Реал Мадрид е блокиран поради тужбата што ја поднесе негоата поранешна агенција „Максидел Менаџмент“ против актуелната „Рок Нејшон“, а делумна вина за ова има и Винисиус Жуниор.

Јан Диоманде се најавува како новиот „галактико“, Реал Мадрид се сложи да плати преку 100 милиони евра за неговите услуги, но никако да пристигне официјална потврда.

Последните информации велат дека трансферот е блокиран поради тужбата што ја поднесе неговата поранешна агенција „Максидел Менаџмент“ против актуелната „Рок Нејшон“.

Случајот околу распределбата на провизијата е стигнат до ФИФА, па сега се чека двете страни да најдат решение, или пак светската куќа на фудбалот да даде привремена дозвола за комплетирање на зделката.

Како што пренесува Марка, за ваквата збрка делумна вина има и Винисиус Жуниор, кој неодамна му се јавил на Јан Диоманде и го советувал да му се придружи под капата на „Рок Нејшон“.

Младиот фудбалер од БСК го послушал Бразилецот, па сега неговиот трансфер во Реал Мадрид е блокиран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×