Поради своите два сина, навивач на Стоук доби доживотна забрана за влез на стадионот

by
1 минути читање

Инцидентот се случил во самиот финиш од натпреварот меѓу Стоук и Шефилд јунајтед, децата кои се на возраст од 11 и 12 години втрчале во теренот иако мечот не бил завршен.

Стоук соопшти дека поради тоа нивниот татко добива доживотна забрана за влез на стадионот. Наводно тој ги охрабрил да го направат тоа. Ова не е негов прв престап, претходно имал добиено тригодишна забрана за влез на стадионот.

Клубот ги казни и децата, тие во наредните пет години нема да можат да влезат на стадионот.

Стоук потсети дека влегувањето на терените во Англија за време на меч се смета за исклучително тешко дело. 

Премиерлигата и ЕФЛ (Англиската фудбалска лига) на почетокот од годината соопштија дека влегувачите во терен ќе заработат автоматска суспензија од своите клубови.

Многу фанови сметаат дека одлуката за доживотна суспензија на навивачот е престрога бидејќи тој не влегол на теренот, туку тоа го направиле неговите синови. Сепак од Стоук сметаат дека тој е одговорен за нив.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×