Поради повредата на Ди Марија, Јувентус ги засилува преговорите со Депај

by
1 минути читање

Ди Марија имаше одлично деби за Јувентус, но се повреди и го очекува пауза, веројатно ќе пропушти неколку кола.

Поради повреди надвор од стројот се и Пол Погба и Федерико Киеза. Алармот во Јувентус е уклучен, и сакаат побрзо да донесат ново засилување.

Како што пишува „Калчомеркато“, Јувентус ги интензивирал преговорите со Депај кои од претходно беа почнати.

Депај чека да ги договори личните услови со Јувентус, па да го раскине договорот со Барселона и да се пресели во Италија.

Барселона и Депај веќе имаат начелна согласност за раскин на договорот, фудбалерот чека да го договори следниот трансфер па да го активира заминувањето од Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×