Големиот број на повреди во дефанзивата, поточно бековите, ќе го принудат Симоне Инзаги да ја менува формациајта на Интер против Феенорд и настап со 4-4-2.
Интер против Наполи не можеше да смета на Матео Дармијан, Карлос Агусто и Никола Залевски, а на „Диего Марадона“ се повреди и Федерико Димарко, кој ќе паузира околу три недели.
Па Симоне Инзаги ќе мора да прави промени против Феенорд во Лигата на шампиони, и како што пренесуваат медиумите од Италија, стратегот размислува да игра со формација 4-4-2, која „нероаѕурите“ не ја користеле со години.
При една ваква ситуација, Бастони ќе игра како лев бек, додека пак Павар ќе игра како десен бек, додека Дамфрис ќе игра како десно крило во нападот.
На кратко, Интер играше со формација 4-4-2 и против Наполи, но фудбалерите не се снаоѓаа најдобро во овој систем, па Инзаги се врати во формација 3-5-2 со тоа што Дамфрис играше по левата страна.