Поради една клаузула, ПСЖ не само што не може да го продаде Нејмар, туку ќе му го продолжи договорот

by
1 минути читање

Во интервју за „Ле Паризиен“, Насер Ал Келаифи ниту ги демантираше, ниту ги потврди гласините дека сакаат да го продадат Нејмар, но рече дека завршиле со луксузот и сега ја менуваат стратегијата.

Таквиот став на претседателот на ПСЖ уште толку ги подгреа гласините дека сакаат да се ослободат од Нејмар, но доколку е вистина тоа што го пишува „Л’Екип“, ќе имаат проблем.

Според францускиот весник, Нејмар има клаузула во договорот кој го потпиша пред година и пол, дека овој 1 јули, договорот автоматски ќе му биде продолжен до 1 јули 2027 година. Без таа клаузула, договорот му истекува на 1 јули 2025 година.

Проблем за продажба на Нејмар е огромната плата која ја добива, тој е најплатен фудбалер на ПСЖ, и никој друг клуб не би му ја дал сумата која му ја дава францускиот клуб.

Со клаузулата тој ќе си обезбеди да добива богатство до јули 2027 година, па тешко е за верување дека на своја волја би сакал да замине од ПСЖ и да се пресели во клуб каде би добивал неколкупати помала плата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×