„Попрво ќе купам трактор наместо златен ланец, нека дојдат фудбалерите на фарма да видат што е права работа!“

by bojan
2 минути читање
Вимер

Репрезентативецот на Австрија, Патрик Вимер е пораснат на фарма, па знае што е тешка работа и вели дека попрво сака да купи скап трактор наместо златен ланец или скап накит.

23 годишниот Патрик Вимер имаше тешка сезона во Волфзбург, заработи сериозна повреда на коленото, паузираше четири месеци, но успеа да се опорави на време за Европското првенство.

Офанзивниот фудбалер оваа недела го постигна и својот деби гол во дресот на Австрија, погоди во победата од 2-1 над Србија во првата контролка пред континенталниот собир во Германија.

Во интервју за „Хојте“, тој сега проговори за неговиот интересен пат до кариера како врвен фудбалер.

Патрик Вимер е пораснат на фарма, а пред да почне со фудбал, се испробал во кревање на тегови.

Запрашан зошто на неговиот Инстаграм обајавува слики со трактори наместо со скапи коли и златни ланци како што тоа најчесто го прават фудбалерите, тој вели: „Да бидам искрен, и јас возам Порше. Колите ми се слаба страна, ги обожавам. Но не мора сегакош да се работи за скапи коли, сакам и мали коли, сакам и олдтајмери“.

„Но воопшто не сакам златни ланци. Преферирам да купам скап трактор наместо скап накит, тракторот ќе ме исполни повеќе“.

„Пораснат сум на фарма, и знам што значи права, тешка работа. Не го потценувам фудбалот, но тоа е два до три часа во денот, и често е забава“.

„Но на фарма е напорна работа цел ден, тоа е сосема нешто друго“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани