Јувентус беше пред пораз од Салернитана, но Бонучи во 93. израмни на 2-2, а две минути подоцна гол даде и Милик кој ВАР му го поништи поради офсајд.
„Скај Спорт Италија“ измери дека Кандрева кој беше блиску до корнер знаменцето, бил 2,9 метри до гол аут линијата, а Бонучи од кого е досуден офсајд 3,42 метри.
Тоа значи дека Бонучи бил дури половина метар во дозволена положба, не бил во офсајд.
Се јавија дилеми во ВАР ја земале во предвид позицијата на Кандрева. Од Серија А за „ДАЗН“ изјавија дека и Кандрева бил мерен, и со него Бонучи бил во офсајд.
ВАР технологијата има многу поразлични и попрецизни агли отколку „Скај Спорт Италија“, па можеби треба да им се верува.
Но, има и друг случај, офсајд беше досуден од Бонучи кој не играше со топката, но судиите проценија дека имал влијание со движењето кое го направил.
Критичарот на судиите во „ДАЗН“, Лука Марели објасни дека голманот никако не можел да ја фати таа топка, па движењето на Бонучи не требало да се земе во предвид бидејќи тоа не менува ништо.
Бонучи имаше дискусија со судијата која подоцна ја објасни.
„Објаснувањето на судијата е дека јас сум бил инволвиран активно во играта, но Сепе никогаш немаше да го фати тоа, мојата позиција не влијаеше на неговата потенцијална одбрана. Така велат правилата. Плус има сомнеж за позицијата на Кандрева кој можеби беше најблиску до голманот“, вели Бонучи.
Како и да е, факт е дека Јувентус загуби два бода против Салернитана и дека поништениот погодок е контроверзен.
#Bonucci a 3.42 metri dalla riga di porta, #Candreva a 2.90 ↔️#Juventus #JuveSalernitana pic.twitter.com/ZxhffyEWcZ
— Giovanni Albanese (@GiovaAlbanese) September 11, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК