Помошник тренерот на Леганес: Дали имаше пенал врз Меси? На нас сигурно немаа да ни свирнат пенал за таков старт

by
1 минути читање

Леганес со пораз
од 2-0 си замина од Камп Ноу, гостите на почетокот од мечот имаа две шанси да
го изненадат противникот но не ги искористија. Потоа примија гол во финишот на
првото полувреме, за по 25 минути игра во второто полувреме, мечот да биде решен со
удар од белата точка.

Пеналот беше
сомнителен, и помошник тренер на Леганес, Тони Амор вели дека судијата сигурно
немал да досуди најстрога казна доколку ситуацијата била обратна, односно нивен
играч паднел во шеснаесетникот на Барса.

„Пеналот беше
престрого досуден, според мене, намаше најстрога казна. Се работеше за нормална
акција. Да беше ситуацијата обратна, ние немаше да добиеме пенал за таков старт
во шеснаесетникот на Барса“
– вели Тони Амор, кој се појави на средбата со
медиумите откако тренерот Хавиер Агире доби црвен картон во финишот од мечот.

За најстрогата
казна се пожали и Роке Меса: „Тоа не е пенал, ги погледнав и повторените снимки,
јасно е дека нема пенал. На сите им е јасно дека нема пенал. Не треба да сте
судија за да видите дека нема пенал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×