Поминаа само 48 часа од отказот во Рома, а Мурињо се понудил на друг клуб од Серија А

by
1 минути читање

Рома во вторникот
реши да стави крај на соработката со Жезе Мурињо, сопственикот Ден Фридкин го
известил Португалецот дека треба да си ги спакува куферите и да замине.

Но едвај поминаа
48 часа, а „специјалниот“ се поврзува со клупата на друг клуб од Серија А.

Како што
пренесува Спортмедиасет, агентот Жорж Мендеш му се јавил на Аурелио Де
Лаурентис и го предложил Жозе Мурињо за кормилото на Наполи.

„Наполитанците“
се во потрега на нов тренер за сезоната 2024/25, па Жорж Мендеш сака да го
искористи добриот однос со Аурелио Де Лаурентис за експресно да му најде ангажман
на Жозе Мурињо.

Се говори дека пречка
може да биде платата од 7 милиони евра по сезона плус бонуси, АДЛ е подготвен
да одвои ваква сума само за да го донесе Антонио Конте.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×