Полски навивачи запалија полицаец во Бирмингем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Легија гостуваше на Астон Вила во меч од Конференциската лига. На паркингот во близина на Вила Парк дошло до тежок судир меѓу полските навивачи и полицијата, а „Сан“ тврди дека во целиот хаос бил запален британски полицаец. Тој е префрлен в болница со изгореници, а во нередите се повредени вкупно четворица полицајци, два полициски коња и две кучиња. 

Во Бирмингем пристигнале 1.000 навивачи на Легија, но поради инцидентите на претходните натпревари во европските купови, не им бил дозволен влез на стадионот. Бесни што останаа надвор, тие почнале да фрлаат со шишиња и тврди предмети кон гледачите кои нормално влегле на Вила Парк.

Според правилата на УЕФА, Астон Вила требала да одобри 2.100 влезници за полските фанови што е 5 проценти од вкупниот капацитет на стадионот. Со компромис, таа бројка била смалена на 1.700, но премиерлигашот на крајот дозволил само 890 билети што ја кренала тензијата кај навивачите на Легија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×