Полсен со гол во 95. минута го одложи шампионското славје на Баерн!

by riste
1 минути читање

Сите во Баерн Минхен беа подготвени да ја прослават титулата во Бундеслигата, но тоа задоволство за денеска им го скрати фудбалерот на Лајпциг, Полсен кој даде гол во 95. минута за конечните 3-3.

Баерн Минхен со победа кај Лајпциг денеска и официјално ќе станеше шампион, но тоа не се случи, Хари Кејн ќе почека на својата прва титула.

Лајпциг со голови на Шешко и Клостерман во првото полувреме имаше водство од 2-0.

Баерн се разбуди во вториот дел и со погоди на Дајер, Олисе и Сане направи комплетен пресврт и поведе со 3-2.

Се чинеше дека Баварците ќе победат, се беше подготвено за слајве, но во последните секунди Полсен даде гол за конечни 3-3.

Баерн може и утре да стане шампион ако Леверкузен не го совлада Фрајбург на гостински терен.

Во случај на победа на Леверкузен, Баерн во наредното коло на свој терен против Менхенгладбах ќе ја брка титулата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани