Положани: Одигравме одличен натпревар, но имавме проблем со ефикасноста!

by riste
1 минути читање

Шкендија синоќа со 1-2 загуби на гостувањето кај Браво во Словенија, а тренерот Артим Положани жали за неискористените шанси.

Тетовскиот тим доминираше на теренот, имаше и водство од 1-0 со гол на Ендрит Красниќи од пенал, но домаќините ги искористија своите шанси, дадоа два гола и го добија натпреварот со 2-1.

Шкендија на реваншот ќе брка еден гол негатива. Артим Положани ја потенцира неефикасноста која мора да се поправи за дуелот во Скопје.

„Им честитав на момците за нивната изведба. Мислам дека одигравме одличен натпревар, натпревар со многу шанси против противник кој е исклучително тактички добро позициониран на теренот. Нормално, она што не функционираше, мислам, беше завршницата, бидејќи во моменти кога натпреварот во Европските купови произведува толку голем обем и создава шанси пред голот, што се можности за гол, мислам дека тоа е позитивно бидејќи има шанси. Сега дефинитивно мора да работиме на овој дел од завршницата бидејќи нормално во Европските купови секој гол е исклучително вреден, секој гол особено во полето на противникот е вреден, но она што ме мачи е фактот дека создадовме шанси, а завршницата недостасуваше“, изјави Положани.

„Во вакви натпревари никогаш не можеш да бидеш сигурен. Во Скопје ќе мораме да дадеме максимум да го добиеме натпреварот. Понекогаш негативен резултат е корисен и во однос на влегување на натпреварот, односно со поинаков пристап. Не дека ако резултатот беше позитивен немаше да влеземе со максимален пристап, но навистина жал ми е за момците затоа што одигравме одличен натпревар“, додаде тренерот на Шкендија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×