Луис Опенда минатата сезона ја одигра на врвно ниво, во дресот на Ленс постигна 21 погодок во Лига 1, па неколку клубови тропнаа на неговата врата, битката ја доби РБ Лајпциг, „биковите го купија 23 годишниот напаѓач во зделка вредна околу 40 милиони евра.
Фудбалерот од Белгија и во Бундеслигата продолжува да ги тресе противничките мрежи, до овој момент веќе има 10 погодоци зад своето име (плус уште 4 во Лигата на шампиони).
Па се чини дека неговата авантура во РБ Лајпциг може да биде кратка, новинарот Екрем Конур објави дека половина Премиерлига во своите бележници го имаат голгетерот.
Челси, Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед и Челси се дел од клубовите кои редовно испраќаат скаути да го следат прогресот на Луис Опенда.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.