Сампдорија нареди
четири порази во Серија А, синоќа загуби дома во пресметката со Лече и остана
на претпоследното место на табелата.
Револтот на навивачите
станува се поголем, па по крајот на натпреварот, од трибините ечеа свирежи,
навреди, па и закани. Капитенот Фабио Кваљарела имаше солзи во очите.
Најжестоките
тифози дури и го блокираа излезот на стадионот, па мораше да интервенира полицијата
за фудбалерите и директорите да можат да си отидат дома.
Се погласни се
шпекулациите дека Дејан Станковиќ ќе добие отказ и покрај тоа што Србинот е на
кормилото на клубот само месец дена.
Извештаите велат
дека Сампдорија повторно ќе тропне на вратата на Клаудио Раниери, кој веќе еднаш
ги одби кога во октомври се бараше наследник на Марко Џампаоло.
Останува да се
види дали искусниот стратег сега ќе се предомисли, и ќе прифати да го спасува
клубот од „Мараси“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.