„Пола час во дрес на Реал е како да играте 90 минути за било кој друг клуб!“

by
2 минути читање

Дијаз (24) кариерата ја почна во младинскиот погон на Малага, од каде замина во Манчестер сити, а оттаму дојде во Реал, но три години беше на заем во Милан, пред летово да се врати. Сега има пет меча за „кралевите“ со вкупно едвај полувреме, ама синоќа против Лас Палмас го дочека својот прв гол.

„Вакво нешто во живот немам доживеано, неверојатно е чувството да дадете гол на ‘Бернабеу“, тоа е нешто посебно, нешто што вечно се памети. Горд сум и среќен. И да, 20 минути за Реал е како 90 минути за било кој друг клуб. Мадрид е сепак Мадрид. Не би требало вакво нешто да зборувам, зашто сакам постојано да играм, ама навистина мислам дека 30 минути за овој клуб се исто како цел меч за секој друг“, рече Дијаз.

Реал Мадрид е 14-кратен европски првак, а Дијаз сепак кај мадриѓаните нема да ја има минутажата, зашто пред него во офанзивата има еден куп врвни ѕвезди, но очигледно играњето за најголемиот клуб на светот е нешто многу привлечно, макар минутажата би се броела во малку минути.

@2024 – Сите права задржани