Покетино: Попрво би се вратил да работам на мојата фарма во Аргентина отколку да бидам тренер на Барса или Арсенал

by
1 минути читање

Младиот стратег бележи одлични резултати со Тотенхем, а импресионира и со тоа што од млади играчи прави фудбалски ѕвезди.

Па за неговите услуги интерес пројавуваат неколку клубови, се говори дека Маурисио Покетино е еден од кандидатите за наследник на Зинедин Зидан на жешкото столче на Реал Мадрид.

И додека тој ја остава вратата подотворена за „Кралевите, категорично порача дека нема шанси да седне на кормилото на три клуба.

„Во фудбалот никогаш не знаете што ќе се случи, но едно е сигурно, никогаш нема да бидам тренер на Барселона, Арсенал или пак Росарио Сентрал“ – вели Маурисио Покетино.

„Ова е мојата одлука, попрво ќе се вратам да работам на мојата фарма во Аргентина отколку во некои клубови“.

Ваквиот став на Маурисио Покетино се должи на тоа што тој порасна во Њуелс Олд Бојс, долги години го носеше дресот на Еспањол, а и тренерската кариера ја започна во овој клуб. Сега е менаџер на Тотенхем, чиј најлут ривал е Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани