Покетино побара две години трпение од Челси и фудбалерите ги спореди со лимони!

by
2 минути читање

Покетино не може да се пофали со многу трофеи во својата тренерска кариера, но и покрај тоа многумина го сместуваат во врвните тренери.

Иако успехот со Тотнем му беше пласман во топ четири во Премиерлигата и едно финале во ЛШ, тој побара од Челси да му даде барем две години за да го направи тимот како Спарс.

„Дајте им време на лимоните. Тоа е работа во која сите веруваме, тие почнаа да работат после две години во Тотнем“, вели Покетино.

„Денеска во мојата канцеларија имам жолти, зелени, различни видови на лимони. Од Шпанија, од Италија. Нема да ве лажам, имам голема кутија со лимони“.

„Секогаш мислев дека жолтите лимони се подобри од зелените, но сега верувам во секоја боја, секоја боја може да биде од помош. Доколку би можел да земам и од плавите лимони, би било уште подобро“.

Веројатно со боите на лимоните Покетино прави некаков ранкинг на фудбалерите кои ги има.

Челси вложи огромни пари во нови засилувања, целта им е да се борат за трофеи, но според резултатите тоа е далеку од нив.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани