Покетино не е единствениот кандидат за наследник на Солшер, директорите на Манчестер јунајтед го меркаат и Нагелсман

by
1 минути читање

По поразот од Башакшехир во Лигата на шампиони, се зголеми притисокот врз Оле Гунар Солшер и се појавија гласини дека е остварен контакт со Маурисио Покетино.

Според ЕСПН, во моментов бордот на „ѓаволите“ има верба во Норвежанецот, но признаваат дека резултатите, особено на последните два натпревари, не се доволно добри.

Пораз од Евертон во сабота може да го промени расположението кај директорите за отказ на Оле Гунар Солшер, и Маурисио Покетино е очигледниот избор за нов тренер, но ЕСПН додава дека Манчестер јунајтед го мерка и Јулијан Нагелсман од РБ Лајпциг.

Младиот стратег го привлеков вниманието на „ѓаволите“ поради начинот на кој ги промовира и развива младите играчи и стилот на игра кој го применува, две работи кои се многу важни во проектот на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани