Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, потврди дека ја купил луксузната вила што некогаш им припаѓаше на Шакира и Жерар Пике. Јамал, кој веќе заработи милиони инвестирал околу 16 милиони евра во оваа вила, симбол на елеганција и престиж.
Имотот се наоѓа во ексклузивната населба Сиутат Дијагонал во Есплугес де Љобрегат, позната по максимална приватност и безбедност, а во неговата близина живеат и други фудбалери на Барса, како Алехандро Балде и Роналд Араухо. Комплексот всушност се состои од две големи куќи, едната со површина од 870, а другата од 371 квадратен метар.
На просторот има три луксузни вили, внатрешен и надворешен базен, теретана и бројни дополнителни простории. Според информациите, Јамал засега ќе живее во оваа куќа со уште неколку пријаетели.





