Погба трага по нов клуб: Опции се МЛС или Саудиска Арабија, а можно е учество на СКП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Пол Погба следниот месец треба да ја донесе одлуката каде ќе ја продолжи кариерата по долгата суспензија поради допинг. Францускиот ас, кој последно настапуваше за Јувентус, имал контакти со американскиот клуб Ди Си Јунајтед, каде што лично ги познава сопствениците.

Иако од САД сè уште нема официјална понуда, Погба добил бројни интересни опции од европски клубови и од Саудиска Арабија. Неговата желба е да се врати на врвно ниво и да избори место во репрезентацијата на Франција за Светското првенство во 2026 година.

Како дополнителна можност, Погба би можел да потпише и за клуб кој ќе учествува на следното Светско клупско првенство, што би му овозможило нова сцена за докажување по тешкиот период во кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани