Погба суспендиран по позитивниот допинг тест, еве што го чека Французинот

by
1 минути читање

Медиумите од „чизмата“ попладнево објавија дека Пол Погба паднал на допинг тест извршен по натперварот против Удинезе на 20. август, фудбалерот од средниот ред бил позитивен на тестостерон.

Како дел од протоколот, италијанската анти-допинг агенција вечерва го суспендираше Французинот.

Пол Погба сега има рок од три дена да поднесе жалба и да почне процедура за анализирање на Б примерокот.

Доколку и тој биде позитивен, суспензијата ќе остане на сила се додека не се донесе конечна пресуда.

Доколку биде прогласен за виновен, Пол Погба може да добие казна и до две години. Французинот сепак може и да ги убеди надлежните дека ненамерно користел недозволени средства, но и во тој случај подолго време ќе биде надвор од терените.

Во сличен случај, фудбалерот на Аталанта, Хозе Луис Поломино четири месеци не играше фудбал во 2022 година поради долгата процедура во која ја објаснуваше својата невиност.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани