„Погба плачеше и едвај зборуваше, сакаше да се откаже од фудбалот, сакаше да исчезне“

by
1 минути читање

Во последните неколку
месеци, Пол Погба е во фокусот на јавноста поради проблеми надвор од теренот
откако неговиот брат Матијас заврши зад решетки и беше откриено дека банда,
предводена од пријатели од детството го уценувала фудбалерот и се обидела да му
изнуди 13 милиони евра.

Најстрашна била епизодата
во март месец, кога во стан во Париз, две маскирани лица го нападнале/киднапирале
Пол Погба.

Медиумите сега
откриваат дел од сведочењето на Бубакар Камара, кој го видел Пол Погбал
следниот ден по страшниот настан.

„Седеше на креветот
во хотел во Париз. Плачеше и едвај зборуваше“
– им раскажувал Камара на
инспекторите.

„Ми кажа дека
група на маскирани луѓе го киднапирале, му барале 13 милиони евра. Се исповеда
дека сака да се откаже од фудбалот, дека сака да исчезне. Се плашеше за
безбедноста на семејствотот“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×