На почетокот од оваа недела, селекторот на Франција, Дидје Дешам изјави дека Пол Погба не е среќен во Манчестер јунајтед, причина за ова е малата минутажа и позицијата на која игра.
Самиот играч сега призна дека не се чувствува комфорно на Олд Трафорд.
„Никогаш не ми било толку тешко во кариерата, никогаш претходно не сум искусил ваков период. Играњето за Франција ми е како кислород… Со задоволство доаѓаме да играме и среќни сме кога ќе се видиме повторно, не е исто како во клубот… Групата е неверојатна, магична“ – вели Пол Погба.
Фудбалерот од средниот ред никогаш не ги прикажа партиите кои се очекуваа од него по трансферот во Манчестер јунајтед вреден 105 милиони евра. Тој често е мета на критичарите и се шпекулира за негово заминување.