Погба никако во Манчестер јунајтед да врзе континуитет од добри натпревари. Откако се врати на Олд Трафорд се мачи со формата. Солшер одлучи да го стави на клупа на мечот против Евертон и црвените ѓаволи заиграа многу подобро.
Селекторот на Франција, Дидие Дешам застана во одбрана на својот сонародник велејќи дека Солшер го игра Погба на неприродни позиции за него.
„Погба е во ситуација со неговиот клуб каде што не може да биде среќен, ниту со тоа колку време минува на теренот ниту со неговото позиционирање“, вели Дешам.
„Тој не е во најдобриот свој период, имаше серија на повреди а потоа и ковид-19. Потребно е да го најде својот ритам. Не е исполнет во својот клуб“.
„Но и покрај неговата ситуација во Манчестер јунајтед, тој е среќен што ќе игра во француската репрезентација“.