Јувентус синоќа официјално го потврди ангажманот на Пол Погба, Французинот по шест години во Манчестер јунајтед, се враќа во Торино.
„Ѓаволите“ за услугите на фудбалерот од средниот ред платија 105 милиони евра, рекордна сума за тогашни услови, но Пол Погба никогаш не блесна на Олд Трафорд и сега беспари го напушти клубот.
„Тешко е да се игра за клуб кој секоја година го менува тренерот“ – рече Пол Погба на денешната промоција пред новинарите.
„Точно е дека имав и повреди. Би рекол се собраа многу работи. Тренери, тимот, менување на позицијата… сите овие работи малку ме блокираа“.
„Но сега гледате еден нов Пол, еден нов Погба, се надевам без повреди, ќе можам да понудам многу на мојата позиција и да одиграм подобро од претходните сезони“.