Погба го повреди коленото, новите тестови ќе покажат дали ќе паузира недели или месеци

by
1 минути читање

Пол Погба ова
лето се врати во Јувентус, клубот во кој блесна на фудбалската сцена.
Французинот се надева дека во дресот на „старата дама“ повторно ќе се врати на
врвот по проблематичните години во Манчестер јунајтед, но доживеа пех уште на
стартот.

На еден од првите
тренинзи во САД, Пол Погба заработи повреда, Јувентус вечерва брифираше дека
настрадал менискусот на десното колено.

Сега ќе бидат направени
дополнителни тестови и консултации со специјалист по кои ќе се има појасна
слика за сериозноста на повредата.

Во најдобар случај,
Пол Погба ќе паузира 2-3 недели, но доколку биде потребна операција, фудбалерот
ќе биде во аут со месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×