Погба донесе одлука како ќе го лечи коленото, Французинот ќе паузира 5 недели

by
1 минути читање

Пол Погба го
повреди менискусот на десното колено на подготовките во САД, се најавуваше дека
фудбалерот од средниот ред ќе мора да оди под нож и се разгледуваат два
оперативини зафати, со првиот ќе паузира околку два месеци, додека пак со
вториот и до пет месеци.

Французинот
изминативе денови беше на консултации кај специјалист во Лион по кои донел
одлука да не прави операција.

Пол Погба решил
да се обиде да се опорави со конзервативна терапија и се надева дека за пет недели
ќе може да се врати на терените, односно на средината од септември

Според планот за
опоравување, во првите три недели, Пол Погба ќе работи во теретана, базен и со
физиотерапевти, а во следните две недели ќе има персонализирани индивидуални
тренинзи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани