Погба: Договорот кој ми го нудеше Манчестер јунајтед, Рајола не би дозволил ни кучето негово да го потпише

by
1 минути читање

Првото доаѓање на Погба во Манчестер јунајтед беше во 2009 година кога тој имаше 16 години, беше во младинскиот погон. Во 2012 година замина во Јувентус како слободен играч.

На синоќешната манифестација за доделување на наградата „Златно момче“, Погба рсакажа и една анегдота поврзана со понудата на Манчестер јунајтед за него во 2012 и реакцијата на неговиот агент Мино Рајола кој неодамна почина.

„Кога бев млад, во Манчестер, Фергусон сакаше да потпишам нов договор. Кога дојде Мино, го погледна договорот и рече: „Нема да дозволам ни моето куче да го потпише овој договор. Пол, станувај и ајде да одиме““, открива Погба.

Клиентите на Мино Рајола ги презема Рафаела Пимента која работеше со него 18 години, но по неговата смрт таа сега избива во преден план.

Рафаела Пимента цело време работела со клиентите на Мино Рајола, Погба вели дека таа била многу значајна за неговиот живот.

„Рафаела Пимента е моја втора мајка, таа ми помогна многу во кариерата. Ме натера да сфатам многу работи и не само во светот на фудбалот. Таа е многу важна личност за мене и за моето семејство“, вели Погба.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани