Арсенал по 14-ти
пат триумфираше во најстарото фудбалско натпреварување, вечерва на Вембли, „топчиите“ беа поуспешни од
градскиот ривал Челси.
Пјер Емерик
Обамејанг одново беше играч за одлука, и со два гола се погржи Арсенал сезоната да ја заврши со трофеј и
обезбеден настап во Лига Европа. Напаѓачот претходно го реши и полуфиналето, кога
исто така два пати стрелаше против Манчестер Сити.
Габонецот како
капитен го подигна трофејот, но очигледно во вакви ситуации не е спретен како
што е спретен пред противничкиот гол, па трофејот му падна од раце а соиграчите
добро му се изнасмеја.
The smoothest trophy lift you’re ever likely to see?
We think so
@Aubameyang7 pic.twitter.com/dVisDCNVl7
— Arsenal (@Arsenal) August 1, 2020