Почнува второто коло во ЛШ, погледите се свртени кон Минхен каде Баерн ја пречекува Барселона

by
1 минути читање

Денеска на програмата се мечеви од второто коло во Лигата на шампионите, а посебно внимание предизвикува дуелот меѓу Баерн Минхен и Барселона.

Во изминатите две години, овие два тима одиграа три меча во кои германскиот тим беше многу поуспешен.

Еднаш победија со 8-2, а двапати со по 3-0. Разликата меѓу тие натпревари и денешниот е Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач тогаш го носеше дресот на Баерн Минхен, а сега игра за Барселона.

Ова ќе биде негово прво враќање во Минхен откако потпиша договор со Барселона, па ќе биде интересно да се види како ќе биде пречекан од фановите и каков ќе биде неговиот ефент на теренот.

Во другите денешни мечеви играат: Спортинг – Тотнем, Викторија Плзен – Интер, Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид, Ливерпул – Ајакс, Марсеј – Ајнтрахт и Порто – Клуб Бриж.

Утре на програмата се: Милан – Динамо Загреб, Шахтар – Селтик, Челси – Салцбург, Копенхаген – Севиља, Јувентус – Бенфика, Макаби Хаиефа – ПСЖ, Манчестер Сити – Борусија Дортмунд, Ренџерс – Наполи и Реал Мадрид – Лајпциг.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК


Можно е и ова да ти се допаѓа

×