Доаѓањето на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија беше само предвесник на она што се случува сега. Саудијските клубови протрошија стотици милиони евра за да си го направат ќеифот, да создадат лига во која ќе играат атрактивни фудбалери кои се љубители на банкнотите повеќе отколку на вистинскиот фудбал.
Конечно на дело ќе видиме како ќе функционира лигата на Саудиска Арабија и што таа ќе му понуди на милионскиот аудиториум. Првенството ќе се пренесува во повеќе од 130 земји во светот.
„Светот сега може да седи во прв ред и да гледа како саудискиот фудбал се трансформира“, рече привремениот извршен директор на лигата, Саад Алазез.
Неколку клубови во Саудиска Арабија отскокнаа од другите во купувањето на играчи од европските клубови. Најактивен беше Ал Ахли, клубот каде што игра нашиот Езгјан Алиоски.
Ал Ахли создаде убоита напаѓачка тројка ангажирајќи ги Фирмино, Марез и Сент-Максимин, но се погрижи да не ја изостави и одбраната со ангажманот на голманот Менди и дефанзивецот Ибањез, за играч од средниот ред го зема Франк Кеси.
Ал Ахли ги донесе:
– Едуард Менди
– Роберто Фирмино
– Ријад Марез
– Алан Сент-Максимин
– Франк Кеси
– Роџер Ибањез
Ал Наср му донесе неколку значајни соиграчи на Кристијано Роналдо. Пред сѐ Марсело Брозовиќ и Садио Мане. А тука се и Секо Фофана и Алекс Телеш.
Ал Наср ги донесе:
– Марсело Брозови
– Садио Мане
– Секо Фофана
– Алекс Телеш
Ал Итихад го направи најбомбастичниот трансфер ова лето со ангажман на Карим Бензема, клубот потоа ги договори и Нголо Канте од Челси и Фабињо од Ливерпул.
Ал Итихад ги донесе:
– Карим Бензема
– Нголо Канте
– Фабињо
Ал Етифак за кој играше Дарко Велковски, инвестираше во Стивен Џерард како тренер, а му ги донесе Џордан Хендерсон, Муса Дембеле и Џек Хендри. За жал македонскиот стопер не е во плановите на Стиви Џи, па ќе мора да си ја бара иднината на друго место.
Ал Етифак ги донесе:
– Стивен Џерард (тренер)
– Џордан Хендерсон
– Муса Дембеле
– Џек Хендри
Последен, но не и помалку важен од тимовите кои инвестираа милиони е Ал Хилал, нивна мега ѕвезда е Сергеј Милинковиќ-Савиќ, дојдоа и Калиду Кулибали, Рубен Невеш и Малком.
Ал Хилал ги донесе:
– Калиду Кулибали
– Рубен Невеш
– Сергеј Милинковиќ-Савиќ
– Малком
Сезоната во Саудиска Арабија почнува денеска, но списокот на засилувања не е заклучен. Нивниот преоден рок трае до втората половина од септември, шеиците во меѓувреме работат на нови зделки, па се очекува и во наредниот период да пристигнуваат информации за нови ѕвезди кои потпишале богати договори со клубовите од оваа земја.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.