Чекањето заврши, Лигата на шампионите почнува. Со денешните натпревари се крева завесата на новата сезона.
Термините остануваат како и во минатата сезона, додека трае групната фаза ќе има по два натпревари од 18:45 часот, а останатите шест од 21 часот.
По 20 години Лигата на шампионите ќе биде посиромашна за најдобрите двајца фудбалери. Уште од минатата сезона го немаше Кристијано Роналдо кој замина во Ал Наср, а од оваа го нема ниту Лео Меси кој направи трансфер во Интер Мајами.
Но, елитен фудбал ќе има и без нив. Натпреварувањето почнува со голем дуел на Сан Сиро каде Милан ќе го пречека Њукасл, во фокусот е и враќањето на Сандро Тонали. Тоа е меч од групата Ф која е наречена група на „смртта“, вториот дуел од неа вечерва е во Париз каде играат ПСЖ и Борусија Дортмунд.
За навивачите од регионот ќе биде интересно да се види како ќе помине Црвена звезда на гостувањето кај моќниот Манчестер Сити, а дерби дуел има и на Олимпико, таму играат Лацио и Атлетико Мадрид.
Дербито на колото е утре во Минхем, Баерн го пречекува ранетиот Манчестер јунајтед кој ќе се обиде на тешко гостување да се вади од кризата.
Наполи и Елмас тргнуваат од Португалија, утре од 21 часот ѝ гостуваат на Брага.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.