Почнаа критиките за Јовиќ по неговото интервју дадено во Србија

by
1 минути читање

Во интервју за српски медиуми Јовиќ рече дека Фиорентина ја гледа како отскочна даска за поголем клуб. Имал понуди кои биле финансиски подобри, но италијанскиот клуб му бил идеален за да ја врати формата и да направи друг трансфер.

Кога фудбалер ќе каже дека актуелниот тим му е отскочна даска, проблемите се речиси неминовни. Тоа е изјава која нема да им се допадне ниту на навивачите, ниту на раководството.

Поранешниот италијански голман, Симоне Браља смета дека тоа што го кажал Јовиќ е непочитување кон клубот кој верува во него.

„Мислам дека тоа е големо непочитување за клубот кој ви верува исто така и за италијанската лига. Тој зборува за пари, за отскочна даска. Не е убаво тоа што го кажа“, рече Браља за ТМВ Радио.

Јовиќ поради непромислени работи кои ги правеше надвор од теренот имаше проблеми и во Мадрид и во Србија, а очигледно не учи од грешките, па тие само се таложат.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×