Почна чистката, Матуиди и Јувентус спoгодбено го раскинаа договорот, „старата дама“ заштеди над 7 милиони евра

by
1 минути читање

По елиминацијата
од Лигата на шампиони, Јувентус го разреши Маурицио Сари и на негово место го
именуваше Андреа Пирло за нов тренер. Беше најавена голема чистка и заминување
на десетина фудбалери.

Попладнево
пристигна потврда за првата разделба, стадионот „Алианц“ го напушта Блес
Матуиди. Французинот имаше само уште една година од договорот, и истиот спогодбено
бил раскинат.

Медиумите
пишуваат дека ваквиот потег е од корист на двете страни.

Блес Матуиди ќе добие одврзаани раце да
потпише за Интер Мајами, се верува дека
фудбалерот од средниот ред во Париз веќе ги поминал лекарските прегледи и наскоро ќе
потпише за клубот на Дејвид Бекам.

Французинот беше купен од ПСЖ во 2017 за 25 милиони евра, сумата е целосно амортизирана, играчот има вредност нула во сметководствените книги, па нема да биде прокнижена загуба, а ќе бидат заштедени над 7 милиони евра на име на плати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×