Почина Силвио Берлускони, најуспешниот претседател во историјата на Милан!

by
1 минути читање

Фудбалскиот свет загуби голема личност, Силвио Берлускони почина денеска на 86 годишна возраст. Тој во петокот беше хоспитализиран во болницата Сан Рафаело во Милано, каде ја загуби битката со леукемијата.

Силвио Берлускони во 1986 година го купи Милан, го спаси од банкрот и го претвори во европска супер сила. Беше газда на „росонерите“ 31 година и освои 29 трофеи. Ќе биде запишан во историјата на Милан како најуспешниот претседател и човекот кој најдолго седеше во претседателската фотелја.

Откако го напушти Милан, Силвио Берлускони со неговата десна рака Адриано Галијани во 2018 започнаа нов проект, ја превзедоа Монца и за кратко време од Серија Ц ја однесоа во Серија А.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани