Тажна вест од Англија: На 65-годишна возраст почина фудбалскиот судија Јураја Рени, кој остави неизбришлива трага како првиот црномурест арбитар во Премиер лигата.
Рени, роден на Јамајка, го помина животот во Шефилд, каде што 16 години беше професионален судија. На своето конто има над 300 одработени натпревари, од кои 175 во англиската елита.
„Со голема тага се простуваме од Јураја Рени, нашиот поранешен претседател. Ќе ни недостасува неговата енергија и посветеност. Сочувство до неговото семејство“, објави фудбалскиот сојуз на Шефилд на платформата „X“.
На 13 август 1997 година, Рени влезе во историјата судејќи го мечот меѓу Дерби Каунти и Вимблдон, станувајќи првиот судија со темна кожа во Премиер лигата. Тој беше пример за рушење на расистичките бариери и инспирација за многумина во фудбалскиот свет.