Побга бил нападнат со M16 пушка, платил 100.000 евра за да спаси глава

by
1 минути читање

Пол Погба е во
фокусот на јавноста откако изминатиов викенд неговиот брат се закани дека ќе
објави тајни и валкани работи од животот на фудбалерот, а ѕвездата на Јувентус
откри дека бил мета на банда која го уценувала и си обидела да изнуди 13
милиони евра.

Како што
пренесува Радио Монте Карло, во март оваа година, кога Пол Погба се вратил во
Париз за натпревар на Франција, ја посетил населбата Ројси ен Бри во која
израснал со намера да се сретне со пријатели од детството.

Во апартманот
потоа се појавиле две маскирани лица со јуришни пушки, едниот во рацете држел
М16 пушка, и барале паричен надоместок поради тоа што со години се грижеле за
неговата безбедност.

Пол Погба се сложил да плати, и со тек на време исплатил околу 100.000 евра со надеж дека ќе се смири ситуацијата, но заканите
продолжиле и напаѓачите не отстапувале од сумата од 13 милиони евра, наводно на
УСБ поседувале докази кои можат да му ја уништат кариерата.

Фудбалерот решил целиот
случај да го пријави во полиција откако луѓе поврзани со изнудувачите го
посетиле и во Манчестер и во Торино.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×